Косовскиот премиер Рамуш Харадинај денеска изјави дека не знае што ќе биде со иницијативата во Собранието на Косово за укинување на законот за Специјалниот суд за воени злосторства, но нагласи дека доколку пратениците ја усвојат, Владата ќе ја почитува таквата одлука.
– Косово не може и не треба да ја избегне правдата, без оглед дали е локална или не, но треба да постои алтернатива, на пример, судењата да се спроведуваат на Косово, што би било реално, изјав Харадинај за „Индексонлајн“.
Харадинај признава дека укинувањето на законот за Специјалниот суд би имало последици врз косовските односи со меѓународната заедница, но повтори дека неговата партија Алијанса за иднина на Косово ќе продолжи да биде против Судот, како што го правеше тоа и кога беше донесена одлуката за негово формирање.
Како што јави МИА, Амбасадата на САД во Приштина минатата недела ја повика косовската Влада јасно да се огради од заканите со насилство поради Специјалниот суд за воени злосторства во Косово и предупреди дека секој обид за негова опструкција ќе има негативни последици.
Според Амбасадата, косовските лидери грешат ако мислат дека усвојувањето на иницијативата во Собранието на Косово за расформирање на Специјалниот суд, нема да ги влоши односите меѓу Приштина и меѓународната заедница.
– Секој таков обид ќе има длабоки негативни последици по европската иднина на Косово и неговиот однос со САД, се наведува во соопштението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Падна договор во Брисел: Нема размена на територии меѓу Косово и Србија
-
Швајцарски „Ноје Цирихер Цајтунг“: Како поранешниот косовски воен лидер Харадинај стекна толку големо богатство?
-
Дачиќ: Ќе му се извиниме на Харадинај ако не добива редовно ручек во затвор
-
Харадинај и Тачи одат во затвор: Западот прави чистка на Косово