Швајцарскиот весник „Ноје Цирхер Цајтунг“ објави текст во кој пишува за материјалната состојба на косовскиот преимер Рамуш Харадинај и прашува од каде некогашниот воен лидер поседува толку големо богатство.
– Харадинај тивко ја прослави Новата година со сопругата, трите деца и внукот во Швајцарија, и тоа ни помалку ни повеќе, туку во хотелот Карлтон во Сент Морис. Пред војната, Харадинај работеше како вратар од ноќен клуб во Романија, а сега за една ноќ го резервира царскиот апартман за 5.000 франци, додека целата прослава наводно чинела околу 80.000 франци, пишува весникот.
„Ноје Цирхер Цајтунг“ потсетува дека Харадинај си ја зголеми премиерската плата, и стана најдобро платен премиер на Балканот, што предизвика протести во Косово.
Весникот додава дека пред десет години кога тој бил обвинет за воени злосторства, сведоците кои требало да дадат изкази против него, наеднаш се предомислиле и не сакале да зборуваат.
Швајцарија, пишува „Ноје Цирхер Цајтунг“ го поврзува Харадинај со многу поранешни борци на Ослободителната армија на Косово кои сега таму живеат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации