Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ изјавил дека тој и српскиот претседател, Александар Вучиќ ќе му се извинат на Рамуш Харадинај „ако не добива редовен ручек во затворот Забела“. Одговарајќи на провокациајта од Харадинај кој побарал извинување од нив заради „направените злосторства“, Дачиќ предупредил дека од Србија извинување бара човек за кој има еден тон докази кои покажуваат дека учествувал вп злосторства против Србите.
– Кому да му се извиниме? На Харадинај, на кого местото му е во затвор и тоа долги години. Зарем да се извинуваме за тоа што инсистираме целиот свет да дознае дека тој учествуваше во злосторста за кои мора да се води судска процедура, изјавил Дачиќ за Спутник.
– Можеме само како земја која ги почитува правата на затворениците во иднина да му се извиниме, ако не добива редовен ручек во затвор, додал Дачиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Падна договор во Брисел: Нема размена на територии меѓу Косово и Србија
-
Дачиќ: Србија е подготвена за компромис
-
Швајцарски „Ноје Цирихер Цајтунг“: Како поранешниот косовски воен лидер Харадинај стекна толку големо богатство?
-
Харадинај: Ако Собранието го укине Специјалниот суд, Владата ќе го почитува тоа