| четврток, 6 декември 2018 |

Претепано бебе, итна операција на клиника во Белград

Бебе старо само година дена било примено денес во Ургентниот центар во Белград со повреди на внатрешните органи, пренесуваат српските медиуми.

Мајката пред докторите и полицијата изјавила дека виновен е таткото на бебето, кој крвнички го претепал своето дете.

Бебето од Ургентниот центар е пренесено во Институтот за мајка и дете, каде во моментот тамошните доктори го оперираат. Покрај повредите на внатрешните органи, бебето има повреди и на главата.

Полицијата врши увид.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top