Непознати сторители ограбиле маркет во селото Градец, Гостиварско, причинувајќи му на сопственикот штета од над 4.000 евра.
Според СВР Тетово, ноќта помеѓу 15 и 16 јуни непознати сторители насилно ја отвориле заштитната решетка на влезот од маркетот “Рио Компани” по што влегле во магацинскиот простор. Таму од метален ормар одзеле 300 евра и 18.000 денари и поголема количина цигари.
Според пријавата на сопственикот на маркетот, пленот на крадците се проценува на 290.000 денари.
Екипа од гостиварската полициска станица изврши увид и трага по сторителите на кражбата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.