Во општините Гостивар, Врапчиште, и Маврово-Ростуше, гласањето во вториот круг за претседател и на предвремените парламентарни избори се одвива без особени забелешки, информираат од трите општински комисии.
Според првичните резултати, до 10 часот во општина Гостивар од 76.883 гласачи (втор круг претседателски) и 74.834 (парламентарни), правото на глас го искористиле 2.958 (3,85 отсто) за претседател и 4.775 (6,38 проценти) за пратеници.
Во општина Врапчиште, на 39 избирачки места, за претседател од запишаните 24.289 граѓани и за параламентарни 23.889 на галсање излегле 492 за претседател, а за парламентрани 1.770 граѓани.
Во Маврово-Ростуше, од запишаните 9.255 (втор круг) и 9.000 (парламентарни) својот глас го дале 511(5,41 отсто) за претседател и 524 (5,82 отсто) за пратеници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.