| четврток, 6 декември 2018 |

Изгоре куќа во Гостиварско

pozar

 

Во пожар, кој изби околу 3 часот изутрината, во куќа на М.Т. (67), во непосредна близина  на џамијата во Балиндол, изгорела целата покуќнина. За време на пожарот, во куќата немало никој, бидејќи сопственикот бил на одмор.

На повик од соседите, гостиварските пожарникари интервенирале и за нецел час целосно го локализирале пожарот, а првичната штета надминува 1,5 милиони денари, информираат од СВР Тетово.

Според сознанијата од првичниот увид, огнот најпрво пламнал во дневната соба, а потоа брзо се проширил кон потпокривот и другите простории. Во опожарувањето изгореле 6 прозорци, дрвени скали, повеќе парчиња мебел, електрични апарати и подни покривки, а причинети се и други оштетувања во внатрешноста на куќата.

По овластување на јавен обвинител утрово е извршен увид и се работи на утврдување на причините и вкупната материјална штета.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top