| четврток, 6 декември 2018 |

Тешка сообраќајка во Гостиварско: Повредени 5 деца, меѓу нив и бебе

Осум лица од кои три жени и 5 малолетни деца се повредени во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Гостивар-Трбиново-Падалиште.

policija

Од СВР Тетово за Курир велат дека несреќата се случила околу 19 и 10 часот кога автомобил хјундаи со гостиварски ознаки управувано од 33-годишната М.Н. од Гостивар, од непознати причини изгубило контрола, излетало од коловозот и се превртело во длабока бездна.

Во возилото во кое се наоѓале 8-те лица, со тешки повреди се здобиле 5 лица, додека остантите три минале со полесни повреди.

Поради сериозните повреди, по укажаната помош во гостиварската болница, на скопски клиники е препратена 59-годишна жена од Падалиште, а со тешки повреди се здобила и  М.Н.

Меѓу петте деца имало и едно бебе кое е полесно повредено.

Сите повредени лица се хоспитализирани во гостиварската болница. Полициски екипи вршат увид на местото на несреќата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top