Документарниот филм „Звуците на Ариранг“ посветен на корејскиот поет Ко Ун, добитник на наградата „Златен венец“ во 2014 година, премиерно ќе биде прикажан во Кинотека на Македонија.
Филмот е во режија на Диме Ратајкоски, а во продукција на Македонската радиотелевизија.
Станува збор за филмски портрет на една ретка творечка личност чие творештво заради уметничките и естетските вредности одамна е валоризирано меѓу најзначајните во светската поезија од втората половина на XX-тиот и почетокот на XXI-от век.
Премрежјата, поделбите и страдањата низ кои минува корејскиот народ, наоѓаат одраз во неговиот творечки пат.
Премиерата на филмот е вечерва, 17-ти јуни, во 20 часот во Кинотека на Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.