Македонските фудбалски репрезентативци Ферхан Хасани и Дарко Велковски ќе ги засилат нашите претставници во европските купови, Шкендија и Вардар.
Како што објави спортскиот портал „Екипа“, раководството на Шкендија веќе го договорило враќањето на Хасани во редовите на тетовскиот клуб и сега веќе екс-играчот на Брондби се враќа во старото јато. Шкендија ќе игра во квалификациите за Лигата на Европа.
Македонскиот првак Вардар најавува сензационален трансфер на Дарко Велковски од редовите на соседот и голем ривал Работнички. Младиот и талентиран играч на „романтичарите“ ќе потпише тригодишен договор со „црвено-црните“ и ќе биде четвртото летно засилување, по Ацо Стојков, Бобан Николов и Владица Брдаровски.
Најавен е и трансфер на уште еден наш репрезентативец, Кире Ристевски, кој треба да пристигне во Работнички од редовите на албанскиот прволигаш Тирана.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.