| четврток, 6 декември 2018 |

Нов почеток со пораз, Исланд пресилен за македонските надежи (3-0)

Нов квалификациски циклус по старо со пораз започна младата репрезентација на Македонија за пласман на Европско првенство.

Исланд, кој беше учесник на завршниот турнир на минатото ЕП беше пресилен за избраниците на Боби Милевски и не победи со 3-0.

Македонските надежи беа рамноправни речиси еден час во премиерниот меч од третата група, а мрежата на Дамјан Шишковски ја начна Омарсон во 55. минута. Само 360 секунди подоцна победникот беше извесен по вториот гол на Исланѓаните, дело на Гунлагсон. Истиот играч погоди и во 67. минута, со што за само 12 минути домаќините скроија убедлива победа на стартот од квалификациите за настап на ЕП.

Следниот меч ќе го играме на домашен терен против Украина во септември.

Makedonija portugal fudbal mladi 03 (Custom)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top