| четврток, 6 декември 2018 |

И Марсениќ го засили Вардар

marse

Поранешниот пикер на Металург, Мијајло Марсениќ го засили лутиот ривал Вардар и тој е вториот ракометар по Лука Циндриќ што прејде од таборот на металурзите кај „црвено-црните“. Марсениќ ќе биде замена за Михаил Чипурин, кому му заврши договорот со Вардар.

Марсениќ од Партизан дојде во Металург, каде се промовираше со солидни игри, па очекувано реагираше Вардар, екипа што ја искористи финансиската криза на ривалот од Скопје и го ангажираше 22-годишниот пикер, потпишувајќи со него тригодишен договор.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top