Професорот Сидни Енгелберг, 67 годишен ветеран на Хебрејскиот универзитет во Ерусалим, изреагирал сосема неочекувано кога на едно од неговите предавање се слушнал плач на мало бебе. Мајката, која се засрамила бидејќи тишината во училницата ја прекинала плачот на нејзиното бебе тргнала да го напушти предавањето, но таткото на 4 и дедо на 5 деца, професорот Сидни, без да го прекине предавањето го земал бебето во прегратките и продолжил да зборува на тема: Организациско однесување!
Според ќерката на Енгелберг, нејзиниот татко дозволува мајките да ги донесат нивните деца на предавањето секогаш кога немаат услови некој друг да ги чува, па дури и го одобрува и поддржува доењето за време на предавањата. Спред професорт, ниту една мајка не би требало и не смее да бира помеѓу образванието и мајчинството.
Сарит Фишбејн, едно од децата на Сидни истакнува дека нејзиниот татко не се залага само за учење на теоријата, особено не преку сувопарни предавања, туку и учење на животните вредности.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Видео од кое заледува крв: Поп го испушта бебето од раце сред крштевка
-
Лора и Филип го чекаат своето прво дете: Сузана Турунџиева не го откри полот на бебето
-
Ако сте родиле машко бебе имате поголема шасна да страдате од постпородилна депресија
-
Секунда до трагедија: Бебе летна од рацете на мајка си кога до нив експлодирала гума (видео)