| четврток, 6 декември 2018 |

Вардарки веќе се навикнаа на Будимпешта

Ракометарките на македонскиот првак Вардар пристигнаа во Будимпешта и го одржаа првиот тренинг во главниот унгарски град пред утрешниот настап против Будуќност во полуфиналето на завршниот турнир за европската титула.

vardarki

Вардарки одлично ја познаваат Будимпешта, бидејќи беа дел и од ланскиот фајналфор, како премиера на изменетиот систем на натпреварување во ЛШ. Унгарија годинава се покажа како талична за девојките во „црвено-црна“ комбинација. Ракометарките на Вардар во четвртфиналето го елиминираа актуелниот европски првак Ѓер, што дава надеж дека можат да одат докрај и да ја освојат првата континентална круна, втора во женскиот ракомет за македонски клуб. Претходно Кометал Ѓорче Петров во 2002 беше крунисан во европски владетел во женскиот ракомет, а и таа историска авантура е поврзана со Унгарија. Противник на тогашниот македонски и европски првак во финалето беше унгарски Ференцварош.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top