Лондонската Кенсингтон Палата, која е службена резиденација на војводата и војводката од Кембриџ, принцот Вилијам и Кетрин Мидлтон, по официјалното известување за името на новородената британска принцеза, Шарлот од Кембриџ, одби да даде попрецизни детали за изборот на имињата
Второто дете на Вилијам и неговата сопруга Кетрин, родено на 2 мај годинава, во лондонската болница „Квин Мери“ го доби името Шарлот Елизабет Дијана. Медиумите побараа од Кенсингтонската Палата да објасни зашто се одбрани токму тие три женски имиња,но од таму добија кусо објаснување дека „сите три имиња доволно зборуваат самите за себе“.
Шарлот е женска верзија на машкото име Чарлс, а тоа е често име во историјата на британските, а пред тоа и англиските кралеви. Актуелниот британски престолонаследник Чарлс, дедото на новороденото кралско бебе, е последниот кој го носи ова кралско име.
Елизабет е името на британската кралица, а тоа име го носеше и нејзината покојна мајка, а тоа е името и на една од најголемите монарси во историјата на земјата, кралицата Елизабета Прва, ќерка на англискиот крал Хенри Осми, од бракот со неговата втора сопруга Ана Болен.
Во Лондон се верува дека третото име Дијана, на новородената принцеза и второ дете на Вилијам и Кејт е додадено во чест на мајката на војводата од Кембриџ, покојната принцеза Дијана.
Името Шарлот е поврзано и со семејството на Кејт Мидлтон, затоа што тоа е второто име на сестрата на војводката од Кембриџ, Филипа (Пипа).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Видео од кое заледува крв: Поп го испушта бебето од раце сред крштевка
-
Лора и Филип го чекаат своето прво дете: Сузана Турунџиева не го откри полот на бебето
-
Ако сте родиле машко бебе имате поголема шасна да страдате од постпородилна депресија
-
Секунда до трагедија: Бебе летна од рацете на мајка си кога до нив експлодирала гума (видео)