Вардар го доби најзначајниот меч во сезоната, локалното дерби со Работнички, и е на добар пат да го детронизира скопскиот ривал од шампионскиот престол. Со головите на Грозданоски и на Блажевски во првото полувреме, „црвено-црните“ победија и ја задржаа лидерската позиција пред стартот на плејофот, сега со 6 бода предност пред актуелниот шампион Работнички.
Во продолжението ќе се игра плејоф на најдобрите 6 екипи во Првата македонска лига, а до крај остануваат 5 кола, па јасно е дека Вардар е мошне блиску до нова титула. За горниот дел од табелата ќе се борат „црвено-црните“ како лидери со 61 бод, пред Работнички со 55, Шкендија со 47, Ренова со 44, Силекс со 34 и Металург со 33 бода.
Во плејаутот ќе се натпреваруваат 4 екипи предводени од Брегалница и Турново со по 30 бода. Во најтешка ситуација се Пелистер со 23 бода и Тетекс кој веќе е второлигаш и има само 11 бода. Во овој дел на квартетот екипи што се борат за опстанок, ќе се играат 6 кола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.