| четврток, 6 декември 2018 |

Промоција на Друловиќ во македонската куќа на фудбалот

ljubinko drulovic

Љубинко Друловиќ денеска ќе биде промовиран како нов селектор на фудбалската репрезентација на Македонија. Српскиот стратег за првпат ќе биде кормилар на една репрезентација, откако кусо како вршител на должноста беше селектор на Србија.

Со селекцијата на младите орли во категорија на фудбалери до 19 години, Друловиќ освои злато на Европско првенство, што му е најголем успех во кусата тренерска кариера. Како фудбалер зенитот го постигна со настапи за двата португалски гиганти Порто и Бенфика, клубови за кои вкупно настапуваше 9 сезони.

Промоцијата ќе се одржи во куќата на фудбалот на ФФМ со почеток од 12,30 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top