Најдобриот македонски кошаркар на 20 век, Петар Наумоски, е нов претседател на Македонската кошаркарска федерација. откако вчеравечер беше избран за наследник на Даниел Димевски. Наумоски доби мандат од 4 години.
„Би сакал да се заблагодарам за изборот. Ќе работам напорно за да ја оправдам довербата, само за доброто на кошарката во нашата земја. Во изминатиот период имаше доста турбуленции и несогласувања во овој спорт кај нас, а јас секогаш сум бил работите да се решаваат на теренот, па така ќе настојувам да биде и во наредниот период“, изјави Петар Наумоски.
Тој најавуви дека селекторот Џикиќ останува на кормилото и дека ќе се обиде да убеди дел од најдобрите кошаркари, играат за македонската репрезентација на Евробаскетот во септември годинава.
„Нормално дека тимот што победува не се менува. Ова се однесува за Џикиќ и за луѓето што беа со репрезентацијата. Веќе од утре ќе почнеме разговори и обиди за враќање на дел од кошаркарите кои претходно најавија повлекување од националниот тим. Секако дека сите сакаме да ни се повтори успех како на Европското првенство во Литванија, а за тоа ни се потребни сите кошаркари што ги имаме. Ќе бидат апсолутно добредојдени“, додаде Наумоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.