| четврток, 6 декември 2018 |

Во посета на Македонија пристигнува делегација од ПС на Советот на Европа

собрание

Делегација на Мониторинг комисијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа денеска е во посета на Македонија.

Во составот на делегацијата се најавени Штефан Шенах, претседател на Мониторинг комисијата, Роберт Валтер, известувачот за Република Македонија и Андреас Грос, претседател на Групата на социјалисти.

За време на посетата делегацијата од ПС на Советот на Европа ќе се сретне со претседателот на македонското Собрание Трајко Вељаноски, а ќе оствари средби и со шефот на македонската делегација во ПС на СЕ, Александар Николоски, како и со членовите на собраниските комисии за уставни прашања и за деловнички и мандатно-имунитетни прашања.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top