| четврток, 6 декември 2018 |

Паузата помеѓу првата и втората бременост треба да биде најмалку 18 месеци

бе

Родителите кои сакаат меѓу нивните деца да има што помала разлика можеби би требало да отстапат од таквата идеја.

Веќе подолго време се шпекулира за така наречената пауза, односно разликата меѓу децата – колку мајките би требало да чекаат пред да забременат повторно. Многу родители сакаат децата да им бидат приближни години, заедно да растат и на тој начин да изградат поблиски односи. Исто така, голем број мајки и татковци сметаат дека помалата разлика е олеснителна околност во воспитувањето и образованието на децата.

Сепак, според новата студија која ја спроведе американскиот Центар за превенција и контрола на болести, разликата меѓу децата не би требало да биде помала.

Медицинските експерти советуваа да се почека најмалку 18 месеци пред втората бременост, што значи дека најмалата разлика меѓу децата би требало да биде нешто повеќе од две години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top