| четврток, 6 декември 2018 |

Фернадез ќе се раздели со ЖРК Вардар

begonja

Шпанската репрезентативка Бегоња Фернадез ќе се раздели со македонскиот ракометен првак Вардар и по крајот на оваа сезона ќе се врати во родната земја. Одличната ракометарка немаше многу среќа во последно време и повеќе од пола година е надвор од терените по операцијата и тешката повреда на коленото. Настаот на Бегоња на завршниот турнир за европската титула е неизвесен, а таа е и буквално во трка со времето за да се рехабилитира комплетно и да му помогне на Вардар во Будимпешта.

Првиот меч на Ф4, македонските шампионки го играат на 9 мај со Будуќност, а потоа следи меч или за третото место или за титулата, веќе следниот ден.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top