Заменик-министерот за економија, Христијан Делев, денеска во Берлин ќе учествува на состанокот на Комитетот за источноевропски економски односи, организација составена од водечки германски асоцијации и претставници на најголеми германски компании.
Македонија досега не беше дел од овој комитет, кој има цел зголемување на економската соработка со Русија, источна, централна и југоисточна Европа, кавкаските републики и со централна Азија.
Заменик-министерот Делев денеска попладне на посебен панел ќе ги претстави македонските економски потенцијали и можностите за инвестирање пред петнаесетина извршни директори на најголемите германски компании.
Комитетот за источноевропски економски односи е основан во 1952 година и во него членуваат сите најголеми компании што имаат свои бизнис-проекти или намери за инвестирање во источна Европа и во централна Азија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



