Жизел Фројнд (1908-2000) беше реноминрана фотографка и фото-новинарка и таа направи некои од најпознатите фотографии на нацистичка Германија. Фотографираше бројни писатели и сликари, а неодамна се појави книга со ретки фотографии на Фрида Кало кои Фројнд ги направила пред смртта на познатата сликарка.
Меѓу уметниците кои Жизел ги фотографирала се и Симон де Бувуар, Вирџинија Вулф, Матис, Мен Реј и многу други.
Во Мексико дошла во 1950 година, со цел да остене две недели, а останала две години. За тој период се спријателила со Фрида Кало, која ја фотографирала во последната година од нејзиниот живот.
Новата книга „Фрида Кало: Фотографии на Жизел Фројнд“ ги содржи овие фотографии и е објавена овој месец.
– Овие силни фотографии се сведоци на многу интимни моменти. Сведочат за убавината и талентот на Фрида Кало. Во книгата има 100 ретки фотографии и многу од нив никогаш до сега не биле објавени. Во книгата има и коментари на Фројнд за Кало – пишува во предговорот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Старо верување: Знаете ли зошто не треба да чувате во домот фотографии на починатите?
-
Изложба на фотографии под наслов „Во моите чевли“ во „Мала станица“
-
Промоција на книгата „Конзерваторско-реставраторски методи и третмани на Охридската збирка икони“од Ангелина Поповска
-
Вечерва се отвора изложбата на фотографии „Ѕидови за вас прекрасни луѓе“ на Роберт Јанкулоски