| четврток, 6 декември 2018 |

Вечерва се отвора изложбата на фотографии „Ѕидови за вас прекрасни луѓе“ на Роберт Јанкулоски

„Ѕидови за вас прекрасни луѓе“ е насловена изложбата на уметничка фотографија на Роберт Јанкулоски, што од вечерва до 17 септември се одржува во Мобилна/Монтажна галерија во Скопје. Станува збор за графити снимани во манир на т.н. „улична фотографија“ во периодот од 1995 до 2000 година на црно бел филм со панорамски фотоапарат.

Авторот вели дека таа е резултат на неговото долгогодишно работење врз темата „графити“, односно повеќе „скопски графити“. Овие „скопски графити“ започнал да ги работи во 1995 година кога бил уредник на фотографија во списанието „Скопско метро“ чиј издавач бил Гоце Дртковски. Тогаш тие објавувале во секој број по една фотографија на еден скопски графит. Но тој не останал само на тоа, туку продолжил и натаму да ги снима графитите во градот затоа што, како што потенцира, „1990-те биле години кога се појавија голем број на креативни графити“.

-Деведесеттите навистина беа години кога се појавија голем број на креативни графити, преписки помеѓу младите луѓе во Скопје. Тоа не се тие мурали, тие сликарии коишто се јавуваат на ѕидовите, туку дел од нив се текстуални графити, дел има и цртежи кадешто луѓето комуницираат едни со други преку тие ѕидови, преку тие бели површини, истакнува Јанкулоски за „Радио слободна Европа“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top