| четврток, 6 декември 2018 |

Ретки фотографии на Фрида Кало направени пред нејзината смрт

zizel frojd

Жизел Фројнд

Жизел Фројнд (1908-2000) беше реноминрана фотографка и фото-новинарка и таа направи некои од најпознатите фотографии на нацистичка Германија. Фотографираше бројни писатели и сликари, а неодамна се појави книга со ретки фотографии на Фрида Кало кои Фројнд ги направила пред смртта на познатата сликарка.

frida kalo

Меѓу уметниците кои Жизел ги фотографирала се и Симон де Бувуар, Вирџинија Вулф, Матис, Мен Реј и многу други.

frida kalo2

Во Мексико дошла во 1950 година, со цел да остене две недели, а останала две години. За тој период се спријателила со Фрида Кало, која ја фотографирала во последната година од нејзиниот живот.

frida kalo1

Новата книга „Фрида Кало: Фотографии на Жизел Фројнд“ ги содржи овие фотографии и е објавена овој месец.

frida kalo3

– Овие силни фотографии се сведоци на многу интимни моменти. Сведочат за убавината и талентот на Фрида Кало. Во книгата има 100 ретки фотографии и многу од нив никогаш до сега не биле објавени. Во книгата има и коментари на Фројнд за Кало – пишува во предговорот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top