Ракометарките на Вардар тргнаа за Ѓер како попатна станица за остварување на желбите и настап на фајналфор турнир во Будимпешта. Мисијата да се елиминира Ѓер е тешка иако македонските шампионки имаат предност од шест гола по првиот меч во Скопје.
Ѓер е актуелен шампион на Вардар и атакува на тројна круна едноподруго во Лигата на шампионите, а патем и завршниот турнир се игра кај нив во Унгарија.
Сепак, вардарки во добро расположение тргнаа кон Ѓер за да потврдат дека се подобри од шампионките на Европа, впечаток што стои по првиот дуел во Скопје.
Мечот ќе се игра в сабота, од 16.30 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.