| четврток, 6 декември 2018 |

Комунистички реминисценции: Ни Господ не ги сопирал „бомбите“ на Заев?!

„Бом­би­те“ вли­ја­е­ја пси­хо­ло­шки на опо­зи­ци­ја­та. Под дејс­тво на фин­ги­ра­ни­те де­то­на­ции, до­би­ја су­пер­моќ, па го над­ми­наа и Бо­га?! Не­што ка­ко ко­га Ки­ре Ба­на­на­мен ја­де ба­на­на, та­ка е и со дејс­тво­то на „бом­би­те“, кои им да­ва­ат су­пер­си­ла. Ни­ту Гос­под не мо­жел да ги спре­чи „бом­би­те“ на За­ев, из­ја­ви еден ви­сок функ­ци­о­нер, а не, пак, та­му не­кој си Бри­сел... „Др­жа­во­твор­ци­те“ сѐ по­ве­ќе то­нат во сопс­тве­на­та им­пре­си­ја, а сѐ по­о­чиг­лед­но е де­ка око­ли­на­та око­лу се­бе, или вр­ху­шка­та на пар­ти­ја­та, ли­де­рот ја соз­дал спо­ред сво­јот лик...

Сред­ба­та во Бри­сел не до­не­се ни­ка­кви ре­зул­та­ти, единс­твен ус­пех е до­го­во­рот за уште ед­на по Ве­лиг­ден. Или та­ка ба­рем е офи­ци­јал­ни­от став на си­те три вклу­че­ни стра­ни. Го кон­та­кти­рав­ме Или­ја Ди­мов­ски, член на „трој­ка­та“ на ВМРО-ДПМНЕ, кој ни из­ја­ви де­ка во рам­ки на до­го­во­ре­но­то, од­го­во­ри­те тре­ба да ги оче­ку­ва­ме са­мо од Иво Вајгл и од евро­пра­те­нич­ка­та трој­ка. Ток­му Вајгл, Ку­кан и Хо­вит го пу­шти­ја единс­тве­но­то и шту­ро со­оп­ште­ние за сред­ба­та. СДСМ, исто та­ка, не са­ка да ко­мен­ти­ра, но не­го­ви­от пот­пре­тсе­да­тел се за­гу­би во пре­во­дот и во адре­са­та, па во из­ја­ва но­ви­на­ри­те ги упа­ти во Европ­ска­та ко­ми­си­ја, а не во Европ­ски­от пар­ла­мент. Пост­бри­сел­ска­та кон­фу­зи­ја во пар­ти­ја­та не се за­бе­ле­жи са­мо кај не­го. Исти­от ден, утре­ден­та по пре­го­во­ри­те, нив­ни­те же­сто­ки под­др­жу­ва­чи уште од ра­но изу­три­на поч­наа со нај­а­ви за но­ва „бом­ба“, а ба­рем до­се­га, овие из­во­ри не згре­ши­ја. „Пу­шта­ње­то му­а­бет“ по со­ци­јал­ни­те мре­жи, по­ра­но бе­ше по чар­ши­ја­та, одам­на е пре­поз­нат­ли­во со­ци­јал­де­мо­крат­ско стил­ско средс­тво на ани­ма­ци­ја на јав­но­ста. Но, очиг­лед­но, за сѐ има­ло прв­пат. Вто­ра­та „гре­шка“ бе­ше уште по­дра­стич­на и мо­же­ше да се ви­ди од ави­он. Ед­на „не­за­вис­на“ аген­ци­ја об­ја­ви, а си­те де­се­ти­ци ме­ди­у­ми од „Фа­бри­ка 2“ во исти­от мо­мент ја пре­не­соа ин­фор­ма­ци­ја­та де­ка СДСМ ќе оди со се­ри­ја „бом­би“ низ гра­до­ви­те на Ма­ке­до­ни­ја, поч­ну­вај­ќи од 2 април, со прес-кон­фе­рен­ции во Ку­ма­но­во, Би­то­ла, При­леп. Си­те со то­чен да­тум. Ги де­ман­ти­ра­ше сопс­тве­на­та пар­ти­ја… Образ­ло­же­ни­е­то бе­ше – по­греш­но ин­фор­ми­ра­ње?! Та­ка, си­те овие ме­ди­у­ми со фа­брич­ка гре­шка во се­бе, мол­че­шкум си ги пов­ле­коа про­фе­си­о­нал­ни­те тек­сто­ви со бом­ба­стич­ни нај­а­ви, из­вич­ни­ци во нас­ло­ви­те и, нај­че­сто­то, „не­за­вис­но“ и по­трес­но пра­ша­ње во нас­ло­вот: „Што ќе об­ја­ви За­ев во 14.30?“ След­на­та ин­фор­ма­ци­ја бе­ше де­ка утре­ден­та ќе одат со но­ва „бом­ба.“ Но не од „Па­вел Ша­тев“, тие сѐ уште си ја на­ре­ку­ва­ат „Би­ха­ќка“, не по­ра­неш­на, за­тоа што, не­ли, не го приз­на­ва­ат пре­и­ме­ну­ва­ње­то на сопс­тве­на­та улич­ка, ка­ко и ни­што во др­жа­ва­та, а мо­же­би и Би­хаќ им е по­мил од Ша­тев.

 

analiza135-2-2

Из­jа­ва на сто­ле­ти­е­то – ни Гос­под не мо­же да ги со­пре „бом­би­те“ на За­ев?!

Ин­ди­ка­тив­но­ста во збу­не­то­ста на пар­ти­ја­та по сред­би­те во Бри­сел, при­дру­же­на со не­кол­ку пиш­ман-нај­а­ви за „бом­би“ и со три­па­ти сме­не­ти адре­си за неј­зи­на де­то­на­ци­ја, ја на­до­пол­ни и ин­фор­ма­ци­ја­та де­ка не­кој исти­от тој ден бил на „лек­ци­ја“ кај евро­ам­ба­са­до­рот Орав. Кој друг ако не са­ми­от бом­баш, и зо­што би бил ако не за от­чет за не­по­пуст­ли­ви­те, не­бу­лоз­но твр­ди ста­во­ви прок­ла­ми­ра­ни при пре­го­во­ри­те. Си­гур­но не за по­фал­ба. Ток­му тој кон­текст бе­ше и единс­тве­на­та ин­фор­ма­ци­ја што про­те­че од пре­го­во­ри­те. Во оваа вест на МИА се ве­ле­ше де­ка Бри­сел при­ти­ска опо­зи­ци­ја­та да се вра­ти во пар­ла­мен­тот за ин­сти­ту­ци­о­на­лен ди­ја­лог со вла­ста и да пре­ста­не со об­ја­ву­ва­ње­то на не­за­кон­ски до­би­е­ни­те раз­го­во­ри. Ова, ре­ал­но, и не е не­што тол­ку но­во од ЕУ. Ток­му Вајгл, Ку­кан, а пред „Пуч“ и Хо­вит по­ве­ќе па­ти по­ви­ку­ваа на пре­кин на бој­ко­тот на опо­зи­ци­ја­та и на вра­ќа­ње во со­бра­ни­ски­те клу­пи. Пре­ки­нот на ли­фе­ру­ва­ње­то на мон­ти­ра­ни­те раз­го­во­ри, пак, е, исто та­ка, ло­гич­но ба­ра­ње би­деј­ќи нив­но­то про­дол­жу­ва­ње го чи­ни ди­ја­ло­гот не­воз­мо­жен. Се­то ова е за­чи­не­то со ста­вот на СДСМ за не­от­ста­пу­ва­ње од ба­ра­ње­то за пре­од­на вла­да, што е нај­ма­ло­то из­не­на­ду­ва­ње за­тоа што тие одам­на ја по­ми­наа точ­ка­та од ко­ја не­ма вра­ќа­ње. Та­ка што, ин­фор­ма­ци­ја­та за ба­ра­ња­та на Бри­сел е мно­гу ло­гич­на, а за ве­ро­до­стој­но­ста на из­во­рот до­вол­но го­во­ри жолч­на­та ре­ак­ци­ја на опо­зи­ци­ски­те ме­ди­у­ми. Се­пак, нај­до­бра бе­ше бо­го­хул­на­та, пред­ве­лиг­ден­ска из­ја­ва на „ви­сок“ из­вор за еден од нив­ни­те нај­из­ви­ка­ни и најп­ла­те­ни ме­ди­у­ми од Со­рос: „Не Бри­сел, Гос­под не мо­же да го за­пре тоа“ – из­ја­ви еден чел­ник на СДСМ тол­ку­вај­ќи ја ин­фор­ма­ци­ја­та за ба­ра­ње­то на ЕУ за пре­кин на „бом­би­те.“ Бо­го­ху­ле­ње­то не е ни­што но­во во исто­ри­ја­тот на пар­ти­ја­та, но ова, се­пак, е вр­вот. Еу­фо­ри­ја­та пре­диз­ви­ка­на од бом­би­те, за ко­ја си­те ана­ли­ти­ча­ри ве­лат де­ка ќе би­де екс­прес­но спу­ште­на по по­че­то­кот на „Пуч“ и до­ка­зи­те во ме­га-скан­да­лот, пре­диз­ви­ка не­ве­ро­јат­но оси­лу­ва­ње на пар­тиј­ци­те, кои ко­ри­стеј­ќи ја хи­пер­бо­ла­та, од сво­јот ли­дер и вр­ху­шка­та соз­да­доа пан­да­ни на Бо­га. Ве­ру­ва­ле или не, но вле­зе­ни во це­ло­сен филм, или мрак, на сопс­тве­ни­те бом­ба­шки „ус­пе­си“, чел­ни­ци­те на пар­ти­ја­та се чув­ству­ва­ат до­вол­но сил­ни за да ѝ па­ри­ра­ат на вла­ста – ко­ја ја на­па­ѓа­ат со не­за­кон­ски ма­те­ри­ја­ли, на ме­ѓу­на­род­на­та за­ед­ни­ца – ко­ја не ја слу­ша­ат, па ду­ри и на тво­ре­цот, кој не мо­же да ги со­пре?! Во рам­ки на до­бро­поз­на­та­та ко­му­ни­стич­ка иде­о­ло­ги­ја, ли­де­рот е по­го­лем од Гос­под, кој за ко­му­ни­сти­те и не по­стои, не­ли… Очиг­лед­но, не­кој е дла­бо­ко нав­ле­зен во рол­ја­та на Џим Ке­ри во „Се­моќ­ни­от Брус“ или има се­ри­о­зен пси­хо­ло­шки проб­лем. Или, по­ве­ро­јат­но, ова е ефект сли­чен на мо­мен­тот ко­га Ки­ре Ба­на­на­мен ја­де ба­на­на, та­ка е и со дејс­тво­то на „бом­би­те“, кои на пар­тиј­ци­те им да­ва­ат су­пер­моќ. Во кон­текст на бо­го­хул­на­та при­ка­ска, ка­ко екс­пре­сен од­го­вор на со­ци­јал­ни­те мре­жи до­а­ѓа ток­му оваа, при­зем­на ше­га:

– Ат­лет до­а­ѓа во ка­фе­а­на и сед­ну­ва на ма­са. До­а­ѓа кел­нер­ка­та и го пра­шу­ва што ќе се на­пие.
– Ка­фе, сил­но ка­ко ме­не, сла­тко ка­ко те­бе! Оди таа и на­бр­гу се вра­ќа со ка­фе­то. Тој го про­бу­ва, се мур­ти и ве­ли:
– Ее­е­е­е­ее, ма­леч­ка, да не си се пре­це­ни­ла мал­ку?

 

analiza135-2-3

Ми­ли­jар­да­та на „газ­да­та“ ги „за­па­ли“ одра­бо­ту­ва­чи­те

А Со­рос, тој глав­ни­от и ви­стин­ски­от, Џорџ, не ма­ке­дон­ска­та по­ста­ва, ве­ти не­ве­ро­јат­на ед­на ми­ли­јар­да за Укра­и­на, со што ги оста­ви под­зи­на­ти усти­те на сво­и­те „не­за­вис­ни“ одра­бо­ту­ва­чи во РМ, на кои им да­ва сит­неж или „са­мо“ по пет ми­ли­о­ни евра го­диш­но. Со овој „ху­ман“ гест тој по­ка­жа де­ка мо­же и мно­гу, мно­гу по­ве­ќе за зем­ја­та што ја втур­наа во гра­ѓан­ска вој­на. Ка­ко од­го­вор, пак, по­доб­ни­те про­фе­си­о­нал­ци вле­гоа во но­ви „по­бе­ди“ со та­зе елан од го­ле­ми­на­та на ка­са­та на аме­ри­кан­ски­от „фи­лан­троп“… Во воз­ду­хот оста­на да леб­ди и нив­на­та жел­ба да бев­ме или, пак, да ста­не­ме Укра­и­на, за да мо­жат да дој­дат, ба­рем, мал­ку поб­ли­ску до таа пу­ста ми­ли­јар­да… Исти­те тие по­доб­ни ли­ко­ви со нов по­лет, пот­тик­нат од ми­ри­сот на ми­ли­јар­да­та, скок­наа и со нас­лов, но и со по­вод (со мно­гу ну­ли) и си пре­не­соа де­ка ни Гос­под не мо­жел да ги со­пре „бом­би­те“ на За­ев?! А ед­на со­пру­га на об­ви­нет, ток­му во „Пуч“, во ме­ѓу­вре­ме ин­ка­си­ра­ла 200.000 евра ток­му од Со­рос, слу­чај­ност… Исто­вре­ме­но но­ва­та ту­па­ни­ца на СДСМ, Сто­јан Че Ан­ге­ло­ва­ра, по­ну­ди еден ми­ли­он евра за об­ви­ни­те­лот, кој ќе го ту­жи пре­ми­е­рот, но не го ка­жа нај­бит­но­то – од ка­де не­му еден ми­ли­он евра? Ка­жа и вле­зе во ко­а­ли­ци­ја со УЧК. … Па­ра­лел­но, слу­чај­но или не, а по­ве­ро­јат­но вто­ро­то, Га­рет, не ше­ри­фот Пет Га­рет, ту­ку бри­тан­ски­от ам­ба­са­дор, „му­дро“ по­ра­ча де­ка пре­од­на­та вла­да тре­ба­ло да би­де дел од пре­го­во­ри­те ме­ѓу вла­ста и опо­зи­ци­ја­та. Не­ба­ре е на Ди­ви­от За­пад, или бе­ше Бал­кан. Ме­ди­у­ми­те на „фи­лан­тро­пот“ зди­веа од ќеф, кој сплас­на во исти­от мо­мент – ЕК об­ја­ви де­ка не са­ка да се ме­ша во „Пуч“, иа­ко бе­ше по­ка­не­та од Јав­но­то об­ви­ни­телс­тво. Се оби­доа да ја из­вр­тат при­ка­ска­та, но по­пу­сто. По­ра­ка­та на Бри­сел бе­ше јас­на и дој­де исти­от тој ден ко­га беа и сред­би­те со трој­ки­те на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ. ЕУ, са­кал не­кој да приз­нае или не, ја приз­на ле­ги­тим­но­ста на ма­ке­дон­ски­те ин­сти­ту­ции, кои СДСМ не ги приз­на­ва. Поз­на­ва­чи­те, пак, ве­лат де­ка од­лу­ка­та на Бри­сел се те­ме­ли на уште по­до­бри ос­но­ви – Евро­пеј­ци­те до­бро зна­ат што сѐ со­др­жат до­ка­зи­те за вклу­че­ни­те во „Пуч.“

 

Трам­ва­jот на­ре­чен „жел­ба за гу­бе­ње на пре­по­ра­ка­та“

На сред­ба­та во Бри­сел ѝ прет­хо­де­ше пр­во­то со­о­чу­ва­ње на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ во европ­ски­от Пар­ла­мент. И та­му, пра­те­ни­ци­те на опо­зи­ци­ја­та за­ми­наа по по­ка­на на сво­и­те се­стрин­ски пар­тии од ЕУ, а не ка­ко евро­пра­те­ни­ци. Тоа го наг­ла­су­ваа во те­кот на це­ли­от свој пре­стој во Страз­бур. Се­пак, за­бо­ра­ви­ја да ка­жат де­ка од исти­от тој ма­ке­дон­ски пар­ла­мент што не го приз­на­ва­ат, до­се­га има­ат ин­ка­си­ра­но око­лу 11.000 евра. Ги бој­ко­ти­ра­ат из­бо­ри­те и пар­ла­мен­тот, но не и пра­те­нич­ки­те пла­ти, чиј­што про­сек се дви­жи око­лу 1.200 евра ме­сеч­но. „Ре­жи­мот“, пак, во на­деж де­ка ќе се осве­стат и вра­тат во со­бра­ни­ски­те клу­пи, не ни им ги скра­ти, иа­ко за­кон­ски мо­же­ше.

analiza135-2-4

Ин­те­ре­сен мо­мент, кој Рад­ми­ла Ше­ќе­рин­ска го наг­ла­си во Евро­пар­ла­мен­тот на де­ба­та­та со Ми­ло­шо­ски, е де­ка не ве­ру­ва­ле во ин­сти­ту­ци­и­те на си­сте­мот по­ра­ди фа­ктот што и ден-де­нес не се зна­е­ла „ви­сти­на­та“ за 24 де­кем­ври, ко­га на­си­ла би­ле из­бр­ка­ни од Со­бра­ни­е­то. Фа­кти­те, се­пак, не се на стра­на на СДСМ во од­нос на ова пра­ша­ње, осо­бе­но око­лу „ви­сти­на­та“ за на­ста­нот. Иста­та таа пар­ти­ја што тол­ку теж­нее за оваа ви­сти­на, го зло­у­по­тре­бу­ва мо­мен­тот во сопс­тве­ни, днев­но-по­ли­тич­ки це­ли и по­сто­ја­но ла­мен­ти­ра за „цр­ни­от по­не­дел­ник“, бе­ше таа што ја бој­ко­ти­ра­ше и ја спре­чи ра­бо­та­та на Ко­ми­си­ја­та што го истра­жу­ва­ше на­ста­нот и тре­ба­ше да до­не­се зак­лу­чо­ци и пре­по­ра­ки што тре­ба­ше да спре­чат да се по­вто­ри та­кво не­што. Пре­тсе­да­те­лот бе­ше од нив­ни­те ре­до­ви. Во­ед­но, тре­ба­ше да се откри­јат при­чи­ни­те и ви­сти­на­та за на­ста­нот. Проб­ле­мот, очиг­лед­но, се ви­де во при­чи­ни­те што до­ве­доа до не­го, „на­го­ле­мо“ пот­тик­на­ти од опо­зи­ци­ја­та.

Од дру­га стра­на, бој­ко­тот на Ко­ми­си­ја­та за 24 де­кем­ври има­ше за цел и да го ми­ни­ра Мар­тов­ски­от до­го­вор и не­го­ва­та при­ме­на, до­го­вор што бе­ше ди­рект­но вос­по­ста­вен од то­гаш­ни­от евро­ко­ме­сар Ште­фан Фи­ле. И то­гаш, ка­ко и со си­от прет­хо­ден и се­га­шен бој­кот, пар­ти­ја­та игра­ше на кар­та­та на гу­бе­ње на пре­по­ра­ка­та за по­че­ток на пре­го­во­ри со ЕУ. То­гаш бе­ше „Че­кај­ќи го Фи­ле“, а се­га се по­ла­га на­деж во Хан. Фи­ле ги раз­о­ча­ра. Из­во­ри во опо­зи­ци­ја­та, пред по­ве­ќе од по­ло­ви­на го­ди­на, за што и пи­шу­вав­ме, по­твр­ди­ја де­ка при­чи­на­та за нај­го­ле­мо­то раз­о­ча­ру­ва­ње на три­те пра­те­нич­ки што се вра­ти­ја во Пар­ла­мен­тот бе­ше ток­му оваа на­со­ка и жел­ба на опо­зи­ци­ска­та вр­ху­шка. Ток­му во мо­мен­тов, опо­зи­ци­ја­та се на­де­ва на „но­во“ гу­бе­ње на пре­по­ра­ка­та, кое, ка­ко и се­ко­гаш, и за жал, би би­ло пре­диз­ви­ка­но од нив. Нив­ни­те ме­ди­у­ми по­сто­ја­но пи­шу­ва­ат на оваа те­ма и ја зе­ма­ат „здра­во за го­то­во“ се­ко­ја из­ја­ва во оваа на­со­ка и ја ка­ла­пат за свои по­тре­би. Та­ка бе­ше и со пре­ду­пре­ду­ва­ње­то на Иво Вајгл, кој ова го ка­жа во на­со­ка – по­ли­ти­ча­ри­те, а најм­но­гу таа иста опо­зи­ци­ја, ка­ко и вла­ста, да вни­ма­ва­ат на сво­и­те че­ко­ри што мо­жат да до­ве­дат до ва­ква, не­ми­ла раз­вр­ска. Ше­ги­те на со­ци­јал­ни­те мре­жи одат до­та­му што ве­лат де­ка опо­зи­ци­ја­та, во слу­чај на гу­бе­ње на пре­по­ра­ка­та би ор­га­ни­зи­ра­ла прос­ла­ва мно­гу по­го­ле­ма и „по­ве­се­ла“ од таа што ја ор­га­ни­зи­раа при до­би­ва­ње­то на кан­ди­дат­ски­от ста­тус.

 

(Пишува: Љупчо Цветановски
(Текст објавен во 135. број на неделникот „Република“, 3.04.2015)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top