Постојат неколку работи кои можете да ги направите при зачнувањето и кои би можеле да влијаат на полот на вашето новороденче. Иако предвидувањето на полот на бебето е секојпат неверодостојно, науката нуди увид во она што ги зголемува шансите за добивање на момче или девојче.
Паровите кои имаат секс почесто, имаат повисоки шанси за добивање на момче, бидејќи машките сперматозоиди живеат пократко и поголем е успехот во зачнувањето за време на овулацијата.
Во стресни времиња, се раѓа релативно повеќе девојчиња отколку момчиња. Објаснување – женски сперматозоиди се поиздржливи и почесто преживуваат повисоки нивоа на хормонот кортизол, кој се јавува кај родителите кои се под стрес.
Староста на родителите исто така може да влијае на полот на детето. Мајката и таткото постари од 35 години имаат поголема шанса да добиат девојче.
За парови кои веќе имаат две деца, научно докажано е дека постои поголема шанса да следното дете биде девојче, пишува „Дејли мјел”.
Исхраната е важен фактор за здрава бременост, но исто така влијае на полот на бебето. Истражувањата покажуваат дека жените кои јадат повеќе калории често раѓаат момчиња.
Сезона на зачнувањето исто така може да влијае на полот на детето. Во принцип, повеќе момчиња се родени во пролет и лето, а девојчиња во есен и зима.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Видео од кое заледува крв: Поп го испушта бебето од раце сред крштевка
-
Лора и Филип го чекаат своето прво дете: Сузана Турунџиева не го откри полот на бебето
-
Ако сте родиле машко бебе имате поголема шасна да страдате од постпородилна депресија
-
Секунда до трагедија: Бебе летна од рацете на мајка си кога до нив експлодирала гума (видео)