| четврток, 6 декември 2018 |

Бучковски: Победник е Македонија, губитник е Црвенковски

Интервју со Владо Бучковски, по­ра­неш­ен ли­дер на со­ци­јал­де­мо­кра­ти­те и експремиер на Македонија, објавено во 27-от број на неделникот „Република“ (8 март 2013)

По­бед­ник во пе­точ­на­та при­каз­на и во по­стиг­ну­ва­ње­то на до­го­во­рот се др­жа­ва­та и членс­тво­то на СДСМ, но тие што беа про­тив бој­кот, ве­ли во ин­терв­ју за „Ре­пуб­ли­ка“ по­ра­неш­ни­от ли­дер на со­ци­јал­де­мо­кра­ти­те, Вла­до Буч­ков­ски. Тој сме­та де­ка Цр­вен­ков­ски и дел од ра­ко­водс­тво­то („ге­рил­ци­те“) беа фа­те­ни во за­се­да по­ста­ве­на од Гру­ев­ски и од ме­ѓу­на­род­на­та за­ед­ни­ца, кои ги раз­о­ру­жи­ја. Но, ма­ни­пу­ла­ци­ја­та на ли­де­рот не за­вр­ши со ова, сле­ду­ва­ше но­ва „по­бе­да“?!

 

По слу­чу­ва­ња­та од ми­на­та не­де­ла и ус­пеш­на­та европ­ска бул­до­жер-дип­ло­ма­ти­ја, до се­га својс­тве­на на Аме­ри­кан­ци­те и за нив­ни­те по­ли­ти­ча­ри, за мис­ле­ње за ре­зул­та­ти­те го пра­шав­ме по­ра­неш­ни­от прв чо­век на Би­ха­ќка и екс­пре­ми­ер Вла­до Буч­ков­ски. Оче­ку­ва же­сто­ка кам­па­ња за ло­кал­ни­те из­бо­ри, но и отво­ра­ње на евро­ин­те­гра­ци­и­те за Ма­ке­до­ни­ја со ус­ло­вен да­тум за пре­го­во­ри и разд­ви­жу­ва­ње на пре­го­во­ри­те со Гр­ци­ја. На­ве­сту­ва де­ка под при­ти­со­кот на мај­ски­от Кон­грес и ве­те­ни­от еден глас по­ве­ќе, СДСМ ќе те­ра же­сто­ка кам­па­ња. Буч­ков­ски прог­но­зи­ра јас­на по­бе­да на ВМРО-ДПМНЕ на из­бо­ри­те, изра­зе­на во број­ки 40 нас­пре­ма 20 во гра­до­на­чал­нич­ки ме­ста, и 50.000 до 70.000 по­ве­ќе гла­со­ви за вла­де­јач­ка­та пар­ти­ја на со­вет­нич­ки­те ли­сти.

Vlado-Buckovski-6

Ка­ко ја оце­ну­ва­те мо­мент­на­та по­ли­тич­ка си­ту­а­ци­ја во Ма­ке­до­ни­ја, пос­лед­ни­те на­ста­ни и до­го­во­рот ме­ѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ за кој, за да се дој­де до не­го, мо­ра­ше да ин­тер­ве­ни­ра ме­ѓу­на­род­на­та за­ед­ни­ца?
Бучковски: Мо­мент­на­та по­ли­тич­ка си­ту­а­ци­ја, по пе­точ­ни­от ком­про­мис по­стиг­нат со по­сред­ниш­тво на ко­ме­са­рот Фи­ле и на евро­пра­те­ни­ци­те Хо­вит и Бу­зек, ли­чи на во­ен пре­кин на оги­нот, со по­сто­ја­ни пре­кр­шу­ва­ња на до­го­во­ре­но­то при­мир­је. Раз­лич­но­то тол­ку­ва­ње на до­го­во­ре­ни­от ком­про­мис, да­ли има или не­ма до­го­вор за пред­вре­ме­ни из­бо­ри, го за­се­ни по­стиг­на­ти­от ком­про­мис, од кој, спо­ред ме­не, најм­но­гу тре­ба да до­би­јат гра­ѓа­ни­те на РМ, кои не­ма да ја за­гу­бат евро­ат­лант­ска­та перс­пе­кти­ва по­ра­ди не­чии лич­ни или пар­ти­ски ин­те­ре­си.

Ина­ку, акту­ел­на­та тен­зич­на по­ли­тич­ка со­стој­ба ќе трае и за вре­ме на из­бор­на­та кам­па­ња, ко­ја поч­на де­но­ви­ве. За оче­ку­ва­ње е да про­дол­жи же­сто­ка­та по­ли­тич­ка ре­то­ри­ка во ко­ја до­ми­ни­ра го­во­рот на омра­за и се ома­ло­ва­жу­ва по­ли­тич­ки­от кон­ку­рент, а мно­гу по­мал­ку се го­во­ри за про­е­кти што ќе ги ре­шат се­којд­нев­ни­те ко­му­нал­ни проб­ле­ми на гра­ѓа­ни­те.

Не­ма­ше ли по­и­на­ков на­чин да се дој­де до овој до­го­вор, мо­ра­ше ли да се вме­ша ЕУ за ма­ке­дон­ски­те пар­тии да дој­дат до ком­про­мис?
БучковскиЖа­лос­но е што по­втор­но мо­ра­ше да се вме­ша ме­ѓу­на­род­на­та за­ед­ни­ца за да се дој­де до по­ли­тич­ки ком­про­мис ме­ѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. И по 21 го­ди­на од не­за­вис­но­ста на РМ, на­ши­те по­ли­тич­ки ели­ти не де­мон­стри­раа ка­па­ци­тет са­мо­стој­но да нај­дат ре­ше­ние за акту­ел­на­та по­ли­тич­ка кри­за, ко­ја тра­е­ше по­ве­ќе од два ме­се­ца и се­ри­оз­но го за­гро­зи евро­ат­лант­ски­от пат на РМ. Ва­ква­та за­вис­ност на на­ши­те по­ли­тич­ки ли­де­ри од ме­ѓу­на­род­на­та за­ед­ни­ца не го­во­ри до­бро за нас са­ми­те!

Има ли по­бед­ник во оваа си­ту­а­ци­ја, а спо­ред тоа и по­ра­зе­на стра­на?
БучковскиПред сѐ, по­бе­ди­ја Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја и неј­зи­ни­те гра­ѓа­ни. Тие не ја за­гу­би­ја евро­ат­лант­ска­та перс­пе­кти­ва по­ра­ди не­од­го­вор­на­та по­ли­ти­ка на по­е­дин­ци што ги др­жеа ка­ко за­лож­ни­ци два­та ми­ли­о­на гра­ѓа­ни на РМ. По­тоа, по­бед­ник е и членс­тво­то на СДСМ, кое не се сог­ла­су­ва­ше со бој­ко­тот на Цр­вен­ков­ски, и дел од ра­ко­водс­тво­то, тие до­би­ја шан­са да из­бе­рат свој фа­во­рит на ло­кал­ни­те из­бо­ри.

Кој за­гу­би? За­гу­би­ја Бран­ко Цр­вен­ков­ски и дел од ра­ко­водс­тво­то на СДСМ, кои по­ви­ку­ваа на бој­кот, кои беа за пар­ти­зан­ско и ге­рил­ско во­ју­ва­ње, кои ба­раа да се оди до крај! На кра­јот, што се слу­чи…

Цр­вен­ков­ски и дел од ра­ко­водс­тво­то беа фа­те­ни во за­се­да, ко­ја им ја по­ста­ви­ја Гру­ев­ски и ме­ѓу­на­род­на­та за­ед­ни­ца. Цр­вен­ков­ски и не­го­ви­те ге­рил­ци беа раз­о­ру­же­ни… Ар­но ама, ко­га се вра­ти­ја на Би­ха­ќка, во се­ди­ште­то на СДСМ, ме­сто да ја приз­на­ат ка­пи­ту­ла­ци­ја­та и да ја пре­зе­мат од­го­вор­но­ста за тоа, Цр­вен­ков­ски по­втор­но се оби­де по­ра­зот да го прет­ста­ви ка­ко по­бе­да! Ка­ква ма­ни­пу­ла­ци­ја….

Vlado-Buckovski-3

На кра­јот сѐ се све­де на ит­ни из­ме­ни и ин­тер­вен­ции во Из­бор­ни­от за­ко­ник, кои пред до­го­во­рот СДСМ ги ку­де­ше за се­га си­те да се сог­ла­сат без проб­лем?
БучковскиДе фа­кто, на кра­јот ком­про­ми­сот се све­де са­мо на про­дол­жу­ва­ње на ро­кот за под­не­су­ва­ње на ли­сти­те за кан­ди­да­ти за гра­до­на­чал­ни­ци и за ли­сти­те на со­вет­ни­ци. Не­ма­ше од­ло­жу­ва­ње на ло­кал­ни­те из­бо­ри, не­ма до­го­вор за во­нред­ни пар­ла­мен­тар­ни из­бо­ри! По из­бо­ри­те, спо­ред до­го­во­ре­ни­от ком­про­мис, ќе тре­ба да се сед­не со до­бра вол­ја, без пре­дра­су­ди и без пре­ју­ди­ци­ра­ње на ро­ко­ви да се раз­го­ва­ра за ид­ни­те пар­ла­мен­тар­ни из­бо­ри! Цр­вен­ков­ски ве­ти еден глас по­ве­ќе на со­вет­нич­ки­те ли­сти од ВМРО-ДПМНЕ. Зна­чи, во та­ква прет­по­ста­ве­на си­ту­а­ци­ја ќе има про­стор и до­бра вол­ја да се отво­ри и пра­ша­ње­то на пред­вре­ме­ни пар­ла­мен­тар­ни из­бо­ри. Јас лич­но сум убе­ден де­ка по ло­кал­ни­те из­бо­ри мно­гу по­а­кту­е­лен ќе би­де мај­ски­от Кон­грес на СДСМ, откол­ку евен­ту­ал­ни­те пред­вре­ме­ни пар­ла­мен­тар­ни из­бо­ри.

Пре­го­во­ри­те со ЕУ и со ЕП поч­наа и за­вр­ши­ја со ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и со ДУИ. Но, ка­де се ту­ка дру­ги­те пар­тии, во опо­зи­ци­ски­от блок се и НП, ЛДП, НСДП, ЛП и дру­ги­те, но Цр­вен­ков­ски пре­го­ва­ра­ше со Фи­ле оп­кру­жен са­мо со сво­и­те со­пар­тиј­ци. Исто­то се слу­чи и со ВМРО-ДПМНЕ и Гру­ев­ски. Ка­де се ту­ка „ко­а­ли­ци­ски­те“ парт­не­ри?
БучковскиПо­ма­ли­те по­ли­тич­ки пар­тии, кои се дел од ко­а­ли­ци­ски­те бло­ко­ви око­лу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, со чес­ни иск­лу­чо­ци, беа са­мо ста­ти­сти за вре­ме на по­ли­тич­ка­та кри­за, ко­ја тра­е­ше по­ве­ќе од два ме­се­ца. Са­мо Ли­бе­рал­на­та пар­ти­ја на Ивон Ве­лич­ков­ски има­ше став што се раз­ли­ку­ва­ше од ста­вот на Цр­вен­ков­ски, по­тоа око­лу кан­ди­да­ту­ра­та на Стев­чо Ја­ки­мов­ски, има­ше хра­брост да се спро­тив­ста­ви и Дра­ги­ша Ми­ле­тиќ и не­го­ва­та Срп­ска на­пред­на пар­ти­ја. Од дру­га стра­на, Де­мо­крат­ски­от со­јуз на Пав­ле Тра­ја­нов има­ше не­кол­ку ини­ци­ја­ти­ви за ли­дер­ски сред­би и бе­ше про­тив из­бо­ри без опо­зи­ци­ја. На кра­јот, ДОМ на Лил­ја­на По­пов­ска има сопс­тве­ни ли­сти за со­вет­ни­ци, што тре­ба да се поз­дра­ви ка­ко опре­дел­ба на ед­на пар­ти­ја што е дел од вла­де­јач­ка­та ко­а­ли­ци­ја.

На де­нот на до­го­во­рот дој­де до про­те­сти­те про­тив Та­лат Џа­фе­ри, це­ли 12 де­на по не­го­во­то наз­на­чу­ва­ње. Сле­ду­ва­ше кон­тра­про­тест од ал­бан­ска стра­на. Имај­ќи пред­вид де­ка, за жал, во Ма­ке­до­ни­ја спон­та­ни про­те­сти се са­мо ап­стракт­на имен­ка, кој стои зад овие, очиг­лед­но, фин­ги­ра­ни про­те­сти?
БучковскиПро­те­сти­те про­тив из­бо­рот на Та­лат Џа­фе­ри за ми­ни­стер за од­бра­на се­ка­ко де­ка не се спон­та­ни, за жал, на нив учес­тву­ваа пре­теж­но ма­ло­лет­ни Ма­ке­дон­ци и Ал­бан­ци, кои во 2001 го­ди­на би­ле или што­ту­ку про­о­де­ни или оде­ле во јас­ли или гра­дин­ка… Опас­но е што по­втор­но се вра­ти тен­зи­ја­та во ме­ѓу­ет­нич­ки­те од­но­си во пре­срет на по­че­то­кот на из­бор­на­та кам­па­ња. Ма­ке­до­ни­ја од по­ли­тич­ка кри­за што ја тре­се­ше во из­ми­на­ти­ов пер­и­од, се­га се на­о­ѓа и пред без­бед­нос­на кри­за!

Vlado-Buckovski-4

Ка­кви се ва­ши­те оче­ку­ва­ња око­лу ло­кал­ни­те из­бо­ри и кам­па­ња­та? Што мо­же­ме да оче­ку­ва­ме по пе­кол­но­то ин­тро, кое им прет­хо­де­ше?
БучковскиКам­па­ња­та за овие из­бо­ри ќе би­де спе­ци­фич­на по тоа што ВМРО-ДПМНЕ ќе ин­си­сти­ра да се го­во­ри за ло­кал­ни­те про­е­кти и сра­бо­те­но­то во оп­шти­ни­те ка­де што на­ста­пу­ва­ат со ста­ро-но­ви­те гра­до­на­чал­ни­ци, но е еви­дент­но де­ка Гру­ев­ски ќе го др­жи Цр­вен­ков­ски ка­ко де­жур­на те­ма во сво­и­те на­ста­пи. Од дру­га стра­на, СДСМ и Цр­вен­ков­ски ќе би­дат под при­ти­сок на мај­ски­от Кон­грес и ве­те­ни­те еден глас по­ве­ќе од ВМРО-ДПМНЕ на со­вет­нич­ки­те ли­сти. Мис­лам де­ка СДСМ ќе ја во­ди оваа кам­па­ња ка­ко од овие из­бо­ри да за­ви­си оп­ста­но­кот на др­жа­ва­та, ќе ба­ра да се гла­са про­тив вла­ста… Спо­ред ме­не, ВМРО-ДПМНЕ вле­гу­ва ка­ко го­лем фа­во­рит на овие из­бо­ри. Оче­ку­вам со­од­но­сот на осво­е­ни­те гра­до­на­чал­нич­ки ме­ста да би­де 40 за ВМРО-ДПМНЕ нас­пре­ма 20 за СДСМ. На со­вет­нич­ки­те ли­сти, кои за Цр­вен­ков­ски се ре­пер за по­бе­да, оче­ку­вам по­бе­да на ВМРО-ДПМНЕ со раз­ли­ка од 50.000 до 70.000 гла­со­ви.

На­ја­ви­вте фор­ми­ра­ње тре­та оп­ци­ја во Ма­ке­до­ни­ја. До ка­де е неј­зи­на­та ре­а­ли­за­ци­ја, ка­де го гле­да­те про­сто­рот за неј­зи­но дејс­тву­ва­ње и со што ќе би­де по­и­на­ква од дру­ги­те, акту­ел­ни и ми­на­ти по­ли­тич­ки суб­је­кти во др­жа­ва­та?
БучковскиДа, нај­а­вив де­ка по ло­кал­ни­те из­бо­ри ќе се по­ја­ви гра­ѓан­ска ини­ци­ја­ти­ва за соз­да­ва­ње се­ри­оз­но по­ли­тич­ко дви­же­ње, кое ќе це­ли кон про­ме­на на со­стој­би­те во на­ше­то оп­штес­тво, но и на на­ша­та по­ли­тич­ка сце­на. Ини­ци­ја­то­ри­те на оваа гра­ѓан­ска ини­ци­ја­ти­ва ќе се оби­дат пре­ку свој при­мер да де­мон­стри­ра­ат под­го­тве­ност за транс­фор­ма­ци­ја на на­ше­то оп­штес­тво во еден по­зи­ти­вен пра­вец. Да се да­де свој при­до­нес во соз­да­ва­ње­то оп­штес­твен ам­би­ент за да се по­ми­ри Ма­ке­до­ни­ја, да се кул­ти­ви­ра по­ли­тич­ко­то дејс­тву­ва­ње, да се ин­те­гри­ра на­ше­то мул­ти­ет­нич­ко оп­штес­тво со јас­но про­фи­ли­ра­ње на евро­ат­лант­ска­та ори­ен­та­ци­ја на Ма­ке­до­ни­ја, да се по­ну­ди еко­ном­ска про­гра­ма за зго­ле­му­ва­ње на еко­ном­ски­от по­раст, за ну­де­ње ре­ше­ни­ја за же­шки­от проб­лем со ар­ми­ја­та не­вра­бо­те­ни, да се зго­ле­ми атра­ктив­но­ста на Ма­ке­до­ни­ја за стран­ски­те ин­ве­сти­то­ри, но и да се пот­тик­нат ин­ве­сти­ци­и­те на до­маш­ни­те ин­ве­сти­то­ри под исти ус­ло­ви ка­ко и за стран­ски­те… Ини­ци­ја­то­ри­те има­ат на­ме­ра да се из­бо­рат за со­од­ве­тен про­стор во на­ше­то оп­штес­тво пре­ку ну­де­ње кон­крет­ни ре­ше­ни­ја, без пре­дра­су­ди де­ка са­мо тие се ка­дар­ни да го ос­тва­рат тоа!
По што ќе се раз­ли­ку­ва оваа ини­ци­ја­ти­ва од дру­ги­те што се ре­а­ли­зи­ра­ни до­се­га? Пр­во, по тоа што се пра­ви обид се обе­ди­нат вид­ни и афир­ми­ра­ни гра­ѓа­ни на на­ша­та др­жа­ва, без ог­лед на сво­ја­та ет­нич­ка при­пад­ност. Или по­и­на­ку ка­жа­но, се пра­ви обид да се на­пра­ви гра­ѓан­ски со­јуз за европ­ска и по­зи­тив­на Ма­ке­до­ни­ја на вид­ни Ма­ке­дон­ци, Ал­бан­ци, Тур­ци, Ср­би, Вла­си, Ро­ми и при­пад­ни­ци на дру­ги­те ет­нич­ки за­ед­ни­ци… Иде­ја­та е пр­во да се фор­ми­ра нив­но за­ед­нич­ко дви­же­ње, ка­ко гра­ѓан­ско здру­же­ние, кое во да­ден мо­мен­тот ќе про­це­ни да­ли е по­треб­но да се транс­фор­ми­ра во по­ли­тич­ка пар­ти­ја. Тран­сфор­ми­ра­ње­то во по­ли­тич­ка пар­ти­ја евен­ту­ал­но би би­ло пред ид­ни­те пар­ла­мен­тар­ни из­бо­ри…

Vlado-Buckovski-5

Мно­гу­ми­на нај­а­ву­ваа „ин­тен­зив­на“ про­лет на над­во­ре­шен план, иа­ко за­се­не­та со тоа што се слу­чу­ва­ше на ме­ѓу­пар­ти­ска­та сце­на, ста­вај­ќи го фо­ку­сот на од­но­си­те со Гр­ци­ја и на пра­ша­ње­то за име­то, кое ста­на и е не­и­зо­ста­вен дел од из­бор­на­та ре­то­ри­ка, иа­ко во­оп­што не со­од­вет­ству­ва на те­ма­ти­ка­та на ло­кал­ни­те из­бо­ри. Што оче­ку­ва­те во пре­го­во­ри­те со офи­ци­јал­на Ати­на, има ли про­стор за не­ка­кви по­се­ри­оз­ни по­ме­сту­ва­ња?
БучковскиПра­ша­ње­то за име­то е те­ма око­лу ко­ја мо­ра да се по­стиг­не на­ци­о­на­лен кон­сен­зус, вре­ме е по ло­кал­ни­те из­бо­ри да се ис­цр­та­ат на­ши­те цр­ве­ни ли­нии за­тоа што јас лич­но оче­ку­вам на­е­сен да се соз­да­дат пре­дус­ло­ви за ор­га­ни­зи­ра­ње ре­фе­рен­дум за евен­ту­ал­но­то за­ед­нич­ко при­фат­ли­во ре­ше­ние ме­ѓу нас и Гр­ци­те.

Ка­ко ги оце­ну­ва­те од­но­си­те со Бу­га­ри­ја и т.н. До­го­вор за до­бро­со­седс­тво, чи­ја­што ре­а­ли­за­ци­ја во мо­мен­тов е во пре­кин по­ра­ди пред­вре­ме­ни­те из­бо­ри во со­сед­на­та зем­ја?
БучковскиОд­но­си­те со Бу­га­ри­ја, по пос­лед­на­та не­фор­мал­на сред­ба на Гру­ев­ски и на Бо­ри­сов, оче­ку­вам да вле­зат во ед­на но­ва по­зи­тив­на ета­па. Јас се на­де­вам, не­за­вис­но од из­бор­ни­те ре­зул­та­ти на пред­вре­ме­ни­те из­бо­ри во Бу­га­ри­ја, де­ка ние во Бу­га­ри­ја ќе до­би­е­ме еден од нај­сил­ни­те со­јуз­ни­ци на на­ши­от пат кон НАТО и кон ЕУ. Убе­ден сум де­ка не­до­раз­би­ра­ња­та што беа ма­ни­фе­сти­ра­ни во пос­лед­на­та го­ди­на се ми­на­то!

По сми­ру­ва­ње­то на по­ли­тич­ка­та сце­на, со по­средс­тво ток­му на ЕУ, што ќе сле­ду­ва во ма­ке­дон­ски­те евро­ин­те­гра­ции? По­стои ли сѐ уште шан­са за ве­ќе фа­моз­ни­от да­тум за пре­го­во­ри, се пра­веа и раз­лич­ни ком­би­на­ции за не­ка­ков па­кет со Ср­би­ја и со Ма­ке­до­ни­ја?
БучковскиИ по­крај сѐ што се слу­чу­ва­ше во из­ми­на­ти­те два ме­се­ца, со ком­про­ми­сот од ми­на­ти­от пе­ток, по­втор­но сме на европ­ски­от ко­ло­сек. Сле­ден тест се из­бо­ри­те. Тие мо­ра да би­дат фер и де­мо­крат­ски, ОБСЕ и ОДИХР да да­дат по­зи­тив­на оцен­ка. То­гаш мо­же­ме да оче­ку­ва­ме и по­зи­ти­вен про­ле­тен из­ве­штај за­тоа што со Гр­ци­ја, де­фи­ни­тив­но, по­ка­жу­ва­ме се­ри­оз­ност во на­ме­ри­те да нај­де­ме за­ед­нич­ки при­фат­ли­во ре­ше­ние, а со Бу­га­ри­ја бев­ме пред по­стиг­ну­ва­ње до­го­вор за до­бро­со­седс­тво (да не под­не­се­ше оста­вка вла­да­та на Бо­ри­сов, убе­ден сум де­ка ќе се по­стиг­не­ше та­ков до­го­вор). Сѐ на сѐ, во ју­ни оче­ку­вам по­зи­тив­ни ве­сти од Бри­сел и ус­ло­вен да­тум за пре­го­во­ри, со фор­му­ла­ци­ја­та да се нај­де ре­ше­ние за име­то во ра­на­та фа­за на пре­го­во­ри­те.

Vlado-Buckovski-2

Разговараше: Љупчо Цветановски
Фото: Ѓорѓи Личовски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top