| четврток, 6 декември 2018 |

Од денеска Саем на книгата во Битола

„Да за книга“ е Саемот на книга кој од 2 до 5 април ќе биде центар на случувањата во Битола и регионот…

– Според анкетата спореведена во својот клуб на читатели, се дојде до сознанија и резултати кои покажаа дека овој саем на книга во Битола е повеќе од посакуван. Сите битолчани ќе може да најдат безброј наслови и да уживаат во страниците полни љубов и мудрост – информираат од Клуб Матица.

За време на неделата на книга ќе се случуваат интересни промоции и настани кои уште толку ќе ја воздигнат вредноста на пишаниот збор. Од четврток до сабота Саемот за книга ќе биде отворен од 10 часот до 22 часот, а недела од 10 до 15 часот. Центарот на Култура во Битола е отворен за сите љубители во книгите кои ќе си ги збогатат своите полици со најновите и најбараните наслови од Клуб Матица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top