| четврток, 6 декември 2018 |

Бебе со ретка аномалија родено на Клиниката за гинекологија во Скопје

Бизарната приказна за новороденчето со редок синдром од Клиниката за гинекологија и акушерство е главен пример за тоа колку е важна редовната посета на гинеколог, вели директорката Марија Хаџи Лега. Акушерите биле запрепастени од изгледот на новороденчето кое пред шест месеци било родено таму.

– Плодот беше со аномалија на кожата, односно марморизирана кожа, дефект на коските на черепната шуплина и други аномалии, многу редок синдром – појасни Хаџи Лега.

Бебето починало само пет дена по раѓањето затоа што пациентката претходно не била на контрола, односно ниту еднаш не посетила гинеколог.

За жал, покрај тоа бебе, лани имало и новороденчиња родени со аномалии на централниот нервен систем.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top