| четврток, 6 декември 2018 |

„Ало докторе“ со 1.142 повици за една недела

ало

На телефонската линија  за медицински совет „Ало докторе“ 02/15123 во изминатите седум дена се регистрирани 1.142 повици, а од ставањето во функција на линијата во септември лани вкупно 29.748.

Линијата е достапна секој ден 24 часа со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација во моментот на појава на какви било симптоми на нарушување на здравјето.

Од Здравствен дом Скопје соопштуваат дека 21 доктор се достапни за медицински совет, а јавувањата се од граѓани од сите градови на Македонија. На сите лица кои се јавија на телефонската линија !Ало докторе“ им е дадена соодветна медицинска помош преку здравствен совет и соодветна симптоматска терапија. Јавувањата најчесто се со широк спектар на најразлична симптоматологија, кардиоваскуларни, респираторни симптоми, кашлица, настинки, покачена телесна температура, стомачен вирус и симптомна болка.

Во кол центарот „Ало докторе“ секој ден од 18 до 22 часот за медицински совет се дежурни и достапни директори на јавни здравствени установи. Проф.др Звонко Миленковиќ од Клиниката за инфективни и фебрилни состојби ќе дежура денеска од 18 до 22 часот, а утре др.Ристо Симеонов од Клиниката за детска хирургија. Задутре ќе биде дежурна Емилија Велкова од Републичкиот завод за трансфузиологија, во четврток проф.др.Зоран Спировски, директор на Клиниката за торакално- васкуларна хирургија, во петок проф.др.Игор Кузмановски, директор на Клиниката за неврологија. Во сабота за медицински совет ќе биде достапен проф.др.Александар Чапароски, директор на Клиниката за неврохирургија, а во недела проф.др Сашо Караѓозов од Клиниката за дигестивна хирургија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top