Фотографијата што ги скрши срцата на илјадници луѓе ширум светот е објавена од Надја АбуШабан на социјалните мрежи. Надја во описот на фотографијата пишува дека на сликата направена во Сирија е претставено четиригодишно дете кое кога фоторепортерот го подигнал апаратот да го слика, тоа ги кренало рацете во знак дека се предава мислејќи дека кон него вперува оружје.
– Едноставно ми се скрши срцето додека гледам во очите на ова прекрасно невино девојче. Светот едноставно ја изневери. Човештвото ја изневери. Ние ја изневеривме, гласи еден од коментарите на социјалните мрежи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


