| четврток, 6 декември 2018 |

Белоруски Мешков против Вардар во полуфиналето на СЕХА

Белорускиот тим Мешков Брест ќе му се спротивстави на Вардар во полуфиналето од завршниот турнир во СЕХА лигата. Предводени од одличниот Дмитри Камшик Брест беше многу подобар во второто полувреме и го победи Нексе од Нашице со 28-24. Камшик беше најефикасен со 8 погодоци, а веднаш зад него со 7 гола како најефикасен кај поразената екипа е Томислав Нуиќ.

Хрватскиот состав диктираше темпо во првото полувреме и постојано водеше, но на пауза за полувреме се замина во егал, со резултат 11-11. Клучната предност белорускиот тим ја создаде во 54. минута, кога Мешков поведе со недостижни 7 гола разлика, 26-19. Во второто полуфинале домаќинот Веспрем ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Загреб и Татран Прешов.

vardar-monpelje-13

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top