Со големи проблеми се соочува македонскиот селектор Бошко Ѓуровски пред квалификацискиот меч со Белорусија на 27. март во Скопје, бидејќи неизвесен е настапот на триото играчи од средниот ред Адеми, Ѓуровски и Матиќ.
Аријан Адеми се повреди играјќи за Б тимот на Динамо Загреб и по дополнителните прегледи ќе се знае дали ќе може да игра против Белорусите. Марио Ѓуровски и дефинитивно го откажа настапот и кам-бекот во националниот дрес по две години пауза поради повреда, а Урош Матиќ чека официјална потврда дека може да игра за Македонија. Братот на познатиот Немања Матиќ прифати да настапува во дресот со македонскиот национални обележја, но за тоа треба да го има и потребниот сертификат.
Вечерва во Скопје е собирот на македонските репрезентативци за мечот закажан за 27. март на националната арена „Филип втори“ со почеток од 20,45 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.