Младите играчи на Пелистер кои се речиси отпишани во борбата за опстанок во Првата македонска фудбалска лига успеаја да освојат голем драгоцен бод во дербито против Вардар на арената Филип Втори.
Избраниците на Ѓоко Хаџиевски ја искористија анемичната игра на скапиот состав на црвено-црните, и со гол во самиот финиш од мечот од слободен удар по киксот на репрезентативниот голман Томе Пачовски да ивллечат бод на гостувањето во Скопје. Тодоровски беше јунак за навивачите на Пелистер познатите Чкембари кои допатуваа од Битола да го бодрат својот тим.
Претходно новото засилување во составот на Вардар Сенијат Ибричиќ го доведе својот тим во водство во 17 минута.
Двете навивачки групи кои Комитите и Чкембарите направија одлична атмосфера на стадионот каква долукува на два тима кои се долги години ривали без разлика на состојбата на табелата.
Вардар останува лидер на табелата со три бодови предност пред Работнички кој вчера истотака одигра нерешено без голови во дуелот со Брегалница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.