| четврток, 6 декември 2018 |

Борисов: Нема критична маса за гласање недоверба на Владата

борисов

Бугарскиот премиер Бојко Борисов изјави дека во моментов во земјата нема критична маса за поднесување барање за гласање недоверба на Владата.

Борисов коментарот го даде за бугарските новинари во Брисел, како одговор на ставот на претседателот на БСП, Михаил Миков, јави БТА.

Според информациите во медиумите, Миков предвидува такво гласање кога во општеството ќе се натрупа поголема критичност.

-Тоа е право на опозицијата. Миков правилно кажа – доколку се натрупа критична маса. Јавно е дека сега нема критична маса – изјави Борисов.

Според него, бугарската опозиција нема што лошо да каже за Владата. -Што да каже, дека за Божик дадовме 50 милиони лева за бугарските пензионери и за Велигден ќе дадеме уште толку. Нема кој не е задоволен, дека сите европски фондови, подготвени во нивно време, сега работат. На почетокот на јануари на прозводителите на пченица им исплативме милиони. Затоа нема што не ја регистрирал стабилноста во државата – коментира Борисов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top