| четврток, 6 декември 2018 |

Борисов за референдумот: Секој народ сам си ја определува судбината

-Македонските политичари треба сами да проценат по кој пат треба да одат, а ние секако ќе ги поддржиме- изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов во коментар за референдумот во земјава.

-Секој народ сам си ја определува судбината. Ние само можеме да кажеме дека ги поддржуваме нашите соседи на патот кон НАТО и ЕУ- рече Борисов, додавајќи дека Бугарија не треба да се меша во внатрешните работи на Македонија со совети.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top