Премиерот Зоран Заев денеска ќе престојува во Софија, Република Бугарија каде ќе учествува на Start Up Europe Summit. Тоа е официјалниот дел од посетата на Заев на Бугарија, каде според најавите на Самитот ќе учествуваат премиери од Западен Балкан, како и комесарката за дигитална економија и општество во Европската Комисија, Марија Габриел. Во информацијата стои и дека за време на престојот во Бугарија, премиерот Заев ќе одржи средба со бугарскиот премиер Бојко Борисов.
„Магазин.мк“ дознава од дипломатски извори дека разговорите меѓу Заев и Борисов фокусот ќе биде ставен на имплементацијата на Договорот со Бугарија и уставните измени кои се во тек во Македонија.
Имено Борисов преку аферата продажба на бугарски пасоши и државјанства го замолчил својот коалиционен партнер, Красимир Каракачанов од бугарското ВМРО – БНД, но ветил дека ревизијата на историските факти, личности и настани сепак во добар дел ќе припаднат на Бугарија, пишува „Магазин.мк“.
Тоа е и содржински документот од 30 страници кои во основа се насоки каде и како треба да се корегираат сите учебници и образовни помагала во историскиот сегмент, при што комисијата за ревизија на голема врата ја продава Македонската историја но и истакнатите Македонски дејци, револуционери и историски личности.
По Цар Самоил, извесно е дека Македонски ќе остане само Гоце Делчев, но не и Никола Карев, најмалку браќата Миладиновци, но и просветителите, Наум и Климент Охридски, за кои Бугарија тврди дека се Бугари.
Воедно историскиот континуитет на Македонската револуционерна организација во целост ќе се препише како бугарско наследство, заедно до Илинденското востание, додека на маса во моментот е сегментот како сесловенските браќа Кирил и Методиј да се празнуваат како заеднички празник на бугарските просветители.
Воедно Борисов ќе го повтори ставот, кој го истака и претседателот Радев, дека македонскиот јазик како форма не постои, и дека иако договорот е потпишан согласно јазикот заведен со Уставот на државите, тоа нема да важи со новиот, за Северна Македонија, каде ќе се побара корекција во делот дека Македонскиот јазик е од групата словенски јазици – бугарски дијалект.
Борисов воедно е гневен што во Преамбулата изостанале Бугарите како етничка заедница во Македонија но и се цитира Прогласот на АСНОМ во кој се именуваат како фашистичка творба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.