Општина Старо Нагоричане со две машини ги расчистува патиштата завеани од снег, кои водат од село Арбанашко кон повисоките планински села, Малотино, Цветишница, Мгленце, Жегљане и Длабочица.
Висината на снежната покривка на овој потет се движи од 40 до 60 сантиметри.
Од општината информираат дека побарале и дополнителна механизација од Дирекцијата за заштита и спасување.
Регионалниот центар за управување со кризи, пак, соопшти дека екипите на ЕВН Македонија и денеска се на терен и ги санираат дефектите во нисконапонската мрежа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.