| четврток, 6 декември 2018 |

Подгответе си потопла облека: Доаѓа снегот во Скопје!

Кон средината на оваа недела се очекува првиот снег во Скопје.

По дождливите и релативно топли понеделник и вторник, од среда се очекува студен бран да се спушти над Македонија. Температурите во текот на денот нема да се искачат над 6 степени, а минималните ќе се спуштат во минус. Најстудено ќе биде во петок и за време на викендот кога температурите ќе одат и до минус 5.
Што се однесува до снегот, не треба да се надеваме на некои сериозни врнежи. Доколку воопшто се појават, снегот само ќе провее, а поради влажната почва и релативно високите температури, не се очекува негово задржување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top