До крајот на денов локално ќе провејува слаб снег и ќе има позначителна облачност. Ќе продолжи да дува умерен ветер од северен правец.
Во ноќните часови облачноста ќе започне да се намалува па така утре (петок) утрото ќе биде многу студено со многу ниски температури на воздухот кој ќе се спуштаат во интервалот од -10 до 0 степени, на високите планини (над 2000 метри) истите ќе се спуштаат дури до околу -15 степени.
Потоа во следните денови следува период на постабилно и релативно суво време додека во текот на следната недела поради јужно воздушно струење очекуваме и значителен пораст на температурите па така максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 13 степени.
НАПОМЕНА: Поради многу ниските температури, доколку оваа ноќ но и утре наутроизлегувате ЗАДОЛЖИТЕЛНО со себе да понесете топла облека со цел да се заштитете од студот.
Да напоменеме дека денешното утро донесе провејување на снеег на повеќе пониски места, како што и најавивме.
Снег вееше во Прилеп, Битола, Кичево, планинските премини Стража и Плетвар но и на други места низ државава.
Подготви: Славчо Попоски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.