| четврток, 6 декември 2018 |

Се чистат патиштата до завеаните села во Старо Нагоричане

sneg patОпштина Старо Нагоричане со две машини ги расчистува патиштата завеани од снег, кои водат од село Арбанашко кон повисоките планински села, Малотино, Цветишница, Мгленце, Жегљане и Длабочица.

Висината на снежната покривка на овој потет се движи од 40 до 60 сантиметри.

Од општината информираат дека побарале и дополнителна механизација од Дирекцијата за заштита и спасување.

Регионалниот центар за управување со кризи, пак, соопшти дека екипите на ЕВН Македонија и денеска се на терен и ги санираат дефектите во нисконапонската мрежа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top