| четврток, 6 декември 2018 |

Вее снег на Стража – АМСМ предупредува внимателно возење

На планинскиот превој Стража и во Маврово провејува слаб снег, но тој, како што информира АМСМ, не се задржува на коловозот.

На планинскиот превој Плетвар, пак, поради магла има намалена видливост до 50 метри.

Од АМСМ апелираат до возачите внимателно да возат и да ја прилагодат брзината кон условите на патот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top