| четврток, 6 декември 2018 |

Вардар го брани врвот против Металург

Вардар ќе го брани врвот во дуелот против Металург, денеска од 14 часот во скопското дерби од 19. коло во Првата македонска фудбалска лига. На националната арена „Филип Втори“ најтрофејниот фудбалски клуб ќе бие битка за тринаесеттата победа во шампионатот и за евентуално враќање на предноста од три бода во однос на шампионот Работнички.

vardar-rabornicki-19

Металург е во мисија за избегнување на третиот пораз едноподруго против „црвено-црните“, а бодовите на гостите им се неопходни за избегнување на опасната зона.

Во Тетото денеска во истиот термин од 14 часот Ренова ќе и биде домаќин на Брегалница. Утре се играат последните два натпревара од 19. рунда, во кои Шкендија ќе му биде домаќин на Пелистер и Силекс ќе го пречека Тетекс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top