Германскиот канцелар Ангела Меркел ја поддржа идејата за создавање единствена армија на Европската унија, пренесе ТАСС, цитирајќи го заменик портпаролот на германската Влада, Кристијане Вирц.
Меркел е на ставот дека во Европа треба да се продлабочи воената соработка. Истовремено таа подвлече дека тоа е „иден проект“, за кој засега нема конкретен план на реализација, изјави Вирц.
Германскиот весник „Велт ам зонтаг“ објави интервју на претседателот на ЕК, Жан-Клод Јункер, во кое тој изрази став дека ЕУ треба да создаде своја единствена армија како инструмент за оптстојување на интересите на ЕУ.
-Единствената европска армија на светот ќе мју покаже дека меѓу земјите членки на ЕУ никогаш повеќе нема да има војна. Таквата армија ќе и помогне на ЕУ да ја спроведува својата заедничка надворешна политика и политика на безбедност и да ја понесе одговорностите што Европа ја има во светот – рече Јункер за германскиот весник.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.