Германската канцеларка Ангела Меркел ја исклучи можноста порано да ја напушти функцијата канцеларка, наспроти се поголемите критики како од опозицијата, така и од нејзината партија.
-Жива и здрава су, и планирам да продолжам со својата работа – изјавила Меркел во интервју за „Аугзбургер алгемајне“.
Германската канцеларка повторно ги отфрли барањата на опозицијата за изгласување недоверба и најави дека во декември повторно ќе се кандидира за лидер на партијата.
Меркел, која е канцеларка од 2005 годин, последните недели е под големи притисоци, поради смената на шефот на германската разузнавачка служба, Ханс Георг Масен.
Таа упати јавно извинување минатата недела, признавајќи дека во тој случај направила грешка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.