| четврток, 6 декември 2018 |

Меркел ја поддржа идејата за создавање единствена армија на ЕУ

меркел

Германскиот канцелар Ангела Меркел ја поддржа идејата за создавање единствена армија на Европската унија, пренесе ТАСС, цитирајќи го заменик портпаролот на германската Влада, Кристијане Вирц.

Меркел е на ставот дека во Европа треба да се продлабочи воената соработка. Истовремено таа подвлече дека тоа е „иден проект“, за кој засега нема конкретен план на реализација, изјави Вирц.

Германскиот весник „Велт ам зонтаг“ објави интервју на претседателот на ЕК, Жан-Клод Јункер, во кое тој изрази став дека ЕУ треба да создаде своја единствена армија како инструмент за оптстојување на интересите на ЕУ.

-Единствената европска армија на светот ќе мју покаже дека меѓу земјите членки на ЕУ никогаш повеќе нема да има војна. Таквата армија ќе и помогне на ЕУ да ја спроведува својата заедничка надворешна политика и политика на безбедност и да ја понесе одговорностите што Европа ја има во светот – рече Јункер за германскиот весник.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top