Новинарот на Хрватската национална телевизија Ведран Кукавица на својот профил на „Фејсбук“ напиша статус посветен на смртта на легендата на југословенската и на српската поп-рок сцена Влада Дивљан, со што го разбуди револтот кај неговите почитувачи во целиот регион, пишува „Нет.хр“.
„Бог нека му даде мир на душата …
Но, еве да речеме дека мојот син Јозо има 23 години, ја следи музиката, пишува ноти и мелодии, свири, музицира … ми се чини, баш е во тек … a, нема поим кој е почитуваниот Влада Дивљан.
Всушност, јас сакав да прашам, ако некој може да ми помогне: колку години ќе помине додека ги трегнеме ваквите вести од насловните страници на нашите весници и од дневниците на телевизиите со национална концесија?
Дали ќе мора да почекаме додека да умре и последниот човек кој живеел пред 1991 година?
И, патем речено: дали во последните 25 години загина некој музичар во Унгарија, Австрија или Словачка“ – напиша новинарот на „Фејсбук“ и ја шокираше балканската јавност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.