| четврток, 6 декември 2018 |

Нов инцидент на Миша: Актерката со комбе влета во својот дом (ВИДЕО)

Screenshot

Oткако минатиот месец под дејство на дроги имаше нервен испад, во саботата Миша Бартон повторно имаше криза. Некогаш популарната актерка, со комбе влета во нејзиниот нов стан.

Таа го напушти старото место на живеење по испадот пред неколку недели, кога се закануваше дека ќе се самоубие, а сведоци велат дека два дена се возела во комбето за преселба, пред конечно да го урне во новиот дом во западниот дел на Холивуд.

Според првичните информации, судирот не бил намерен, туку таа покрешно ги проценила своите способности. Миша била прилично потресена кога зборувала со полицијата, повторувајќи дека се што поседува се наоѓа во тоа комбе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top